Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бојмацалиев ги повика пратениците да го изгласаат Законот за продажба на станови во државна сопственост: За подобри услови за живот на вработените во МВР

Интегрално обраќање на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев:

Почитувани граѓани,

Дозволете ми во свое и во име на МВР да го истакнам значењето на Законот за продажба на станови кои се во државна сопственост, а кој моментално се наоѓа во собраниска процедура. Овој закон претставува значаен чекор напред кон подобрување на условите за живот и работа на нашите вработени. Тоа е израз на признание за нивната неуморна посветеност, труд и жртва што ја прават во секојдневното извршување на полициските работи.

Верувам дека оваа мерка ќе придонесе кон мотивација и задоволство на нашите вработени, а со тоа и кон понатамошно зајакнување на нашата институција.

Почитуван претседател на Комисијата за финансирање и буџет, Бојан Стојановски,
Почитувани пратеници од македонското Собрание,

Од круцијална важност е да се одблокира процедурата за донесување на овој закон којшто е пуштен во собраниска процедура уште во 2021 година, поточно 6 јули 2021 година, а кој моментално е заглавен во Комисијата за финансирање и буџет. Овој закон овозможува лицата вработени во МВР и безбедносно-разузнавачките служби, како и оние кои се стекнале со право на пензија во МВР, да ги откупат државните станови кои ги користат подолг период, со што го решаваме нивното станбено прашање.

Недозволиво е некој во македонското Собрание некој дрши активна блокада и да делува наспроти интересите на граѓаните и на вработените во МВР. Затоа, ве повикувам да застанете на висина на задачата и законот да биде изгласан во интерес на сите нас.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +