Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ВМРО ДПМНЕ: Никогаш не било полошо

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Со СДС и ДУИ Македонија има инфлација за 50% поголема од таа во еврозоната, пад на реалната плата и потрошувачка кошничка од 1.000 евра.

Во текот на 2022 година има пад реалната плата за 5%, платите со години се обезвреднети, на хартија растат, а во реалноста куповната моќ на народот е се послаба.

Потрошувачката кошничка е речиси 1.000 евра, за да се наполни потребни се 3 минимални плати.

Економијата никогаш не била во толку лоша ситуација како денес со СДС и ДУИ.

Додека во Македонија растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 година изнесува само 20%, земјите од регионот како Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Косово имаат и над 50% раст.

Македонија заостанува зад сите земји во регионот. 7 години власт на СДС и ДУИ, 7 промашени години за економијата. Народот со право вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК