Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Штетници, ДПМНЕ ја кочи реализацијата на патот Ранковце – Крива Паланка

– ДПМНЕ ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка кој претставува значаен капитален проект за североистокот и за целата држава, соопшти СДСМ.

„Опозициската ДПМНЕ, со неставање на законот на дневен ред на комисијата за финансирање и буџет, бојкотира грант во висина од 14 милиони евра обезбедени од Светска Банка, со кои треба да се доврши патот.

Свесни за фактот дека сите процедури за добивањето на заемот се поминати во рамки на организациските тела на Светска Банка, ДПМНЕ повторно се служат со неприфатливи алатки кои носат штета на граѓаните, економијата, државата.

Со неносењето на овој закон се прави штета по буџетот на државата која ќе падне на грбот на граѓаните и даночните обврзници кои ќе мора да плаќаат пенали поради неисполнување на обврските од договрот со Светска Банка.

ДПМНЕ во отсуство на конкретна понуда за програмски развој на државата се служи само со блокади.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК