Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен криумчар на мигранти

Вчера, во 21.15 часот на улица „Димко Најдов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Е.(34) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Околу 21.10 часот на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање на возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој продолжил со движење и откако се исклучил на регионалниот пат застанал во близина на клучка Караслари и од возилото излегле неколку лица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, по што бил пронајден возачот и возилото. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против А.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК