Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар на мигранти

На 26.02.2024 во 21.15 часот на улица „Димко Најдов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Е.(34) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Околу 21.10 часот на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање на возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој продолжил со движење и откако се исклучил на регионалниот пат застанал во близина на клучка Караслари и од возилото излегле неколку лица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, по што бил пронајден возачот и возилото. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против А.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНИ НЕРАБОТНИТЕ ДЕНОВИ ЗА 2027 ГОДИНА – Пет продолжени викенди, два празника паѓаат во сабота, еве го целосниот список

ДЕСК

УЖАС: СЕМЕЈНА ДРАМА ВО СКОПЈЕ – 22-годишна жена пријавила дека сопругот ја нападнал и им ја зел малолетната ќерка

ДЕСК

ПРИЈАВЕНИ ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВО СКОПЈЕ – Нападнат 61-годишен маж, во друг случај две малолетни деца

ДЕСК