3. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ацевски кон Бендевска: Имате ли вие гаранции и до кога ќе го остварите принципот на реципроцитет или заедно со вашиот коалиционен партнер ќе кажете дека 100 години ќе чекаме

„Гаранциите ги даваат претставниците на ЕУ. Имате ли вие гаранции и до кога ќе го остварите принципот на реципроцитет или заедно со вашиот коалиционен партнер Мицковски, ќе кажете дека и 100 години ќе чекаме да го оствариме реципроцитетот? Ако имате план, капацитет и знаење претставете го да го слушнеме, можеби и ние ќе го прифатиме,“ рече Костадин Ацевски член на ИО на СДСМ и директор на ЈП „Македонија пат“ во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, упатувајќи гпрашање до Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ.

Тој се осврна на Договорот за Фронтекс кој е потпишан на македонски јазик од сите членки на ЕУ, вклучително и Бугарија. Како и дека тоа е де факто признавање на македонскиот јазик. „Реципроцитетот, што вие ќе го остварите , кога ќе го претставите планот, вие кажете како со внесување на црногорците, хрватите и бугарите ќе се загрози македонскиот идентитет и македонската историја и де факто конечно ќе се разбие таа теза која ја прокламираат некои од соседната држава за „еден народ во две држави“, и кои се вашите планови и дали ќе ги презентирате пред или по избори. Да не сипадне дека, Илинденското востание беше 1903 година, пред нешто повеќе од 100 години, дали ќе треба да чекаме уште 100 години,“ посочи Ацевски.

Можеби ќе ве интересира

Снег вее во делови од Македонија – еве каква е состојбата на патиштата

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ ЗА ПРОМЕНИ НА ВРЕМЕТО – Метеоцентар објавува повеќе дневна прогноза

ДЕСК

Филипче и СДС во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +