Стефан Савиќ, репрезентативецот на Србија во ММА, беше убиен претходната вечер во Белград, на 23-годишна возраст.
Информацијата дека загина овој млад ММА борец ја објави Арена Спорт, која воедно изрази сочувство до семејството.
Бонус видео:
Се испостави дека тој настрадал во инцидент што се случил во текот на ноќта на аголот од улиците Добрачина и Дунавска во 0.55 часот.
„Арена фајт упатува искрено сочувство до семејството, пријателите и сите луѓе кои го сакаа Стефан.
Стефан засекогаш ќе остане запаметен, не само како шампион, туку како некој кој допрел срца со својата добрина и оставил неизбришлива трага“, стои во нивното соопштение.
Најголем успех во кариерата на Стефан беше бронзениот медал од Светското првенство.


