Centar.mk
БИЗНИСвест

Почина Славе Сирачевски, сопственик на туристичката агенција Аурора и на ресортот Аурора Берово

Почина Славе Сирачевски, сопственикот на туристичката агенција Аурора Турс, на угостителски објект на езерото Козјак и на еден од најубавите хотелски ресорти во Македонија, Аурора Берово.

Веста на фејсбук ја објави поранешниот директор на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски.

„Македонскиот туристички сектор загуби еден од креаторите и визионерите на македонскиот туризам.

Славе Сирачевски со Аурора Турс и уникатните концепти на Хотел Аурора Берово и Аурора Козјак успеа да докаже дека вложувањата за рурален туризам е голема можност во Македонија и пример за регионот!

Во мое лично име изразувам сочуство на семејството!

Благодарам Славе за многуте совети кои ги сподели со мене и помогна во мојот кариерен развој и развојот на македонскиот туристички сектор.

Почивај во мир Славе“, напиша на својот статус Љупчо Јаневски.

Можеби ќе ве интересира

ДОГОВОР ЗА ТРГОВИЈАТА СО ХРАНА – Британија и ЕУ ги усогласија деталите за помалку гранични проверки

ДЕСК

ЕВРОПА ВЛЕГУВА ВО ЗИМАТА СО НИСКИ РЕЗЕРВИ – ИЕА предупредува дека притисокот врз гасот може да трае и во 2027

ДЕСК

ПОСЕБЕН ПЛАН ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО АЛТА БАНКА – Се подготвува еднократно подигнување до 20.000 денари

ДЕСК