24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ најави минимална плата од 36.000 денари и просечна од илјада евра во новиот мандат

СООПШТЕНИЕ НА СДСМ:

Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот мандат на СДСМ

СДСМ ги остварува своите ветувања кон граѓаните, и се труди да им овозможи подобар животен стандард.

Во новиот мандат на СДСМ просечната плата ќе биде над 1.000 евра, додека пак минималната ќе биде 600 евра. Ова е достижно и остварливо, со правилните политики кои СДСМ ги води во интерес на граѓаните.

Тоа и веќе се докажа со рекордно покачување на просечната плата која е 40.000 денари.

СДСМ ги остварува ветувањата на граѓаните, а така и го започна својот прв мандат, со ветување за зголемување на просечната плата од 500 евра, која достигна уште поголем износ од 650 евра. Тука не застануваме, затоа што платите на граѓаните ќе продолжат секојдневно да растат.

Европски стандард за сите, подобри услови за стопанството, раст на економијата, одговорност за менаџирање со буџетот, со што всушност се овозможува платите на граѓаните секојдневно да растат, е во фокусот на СДСМ и во новата програма.