Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Времето значително се менува – Метеоцентар со детална прогноза за претстојниот викенд

За време на викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Прогноза за 24.02.2024
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Променливо облачно и релативно топло во западните делови со услови за краткотарен дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови и во Пелагонија со повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 25.02.2024
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 26.02.2024
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Среде бел ден нападнат скопјанец на Средно Водно – причината крајно банална

ДЕСК

Што се случува на скопските улици: Пресретнат на пат и брутално нападнат маж додека возел кон Драчево

ДЕСК

Тепачка во спортска обложувалница заврши со апсење во Ѓорче Петров

ДЕСК