Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Спасов-Ѕоф: Ќе гласам за Стево бидејќи е единствениот урбан лик во сите гарнитури досега

„До сега имам гласано за ВМРО, СДСМ и Анте Марковиќ. И све џабе… Овојпут ќе гласам за Стево пошто он е једини урбан лик у сите гарнитури до сеа“ напиша на социјалните мрежи бизнисменот и писател Зоран Спасов-Ѕоф изразувајќи поддршка за втор мандат за претседателот Стево Пендаровски.

Тој додаде дека му се допаѓа што Пендаровски не се потчинува на власта и се грижи за спортот и културата.

„А, и да не го номинираат, ја ќе го допишам на лифчето, али само ако ми гарантира дека дупло поише ќе се посвети на овие две работи. Затоа, Hit the road Stevo…“ напиша Ѕоф.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК