Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Пачемски: Имаме позитивно искуство со странските инвестиции во енергетиката

Ние имаме позитивно искуство со странските инвестиции во енергетиката, во делот на електродиструбитивниот но и во други независни извори на енергија иградени со странски капитал, порача новинарот и експерт за односи со јавност, Гоце Пачемски во интервју за слободен печат.

Тој не гледа никаква закана, ако со странски капитал се финансира реализацијата на стратешки инвестиции во енергетиката, додавајќи дека државата ќе продолжи да ги штити крајните потрошувачи

„Имало периоди особено сега во енергетската криза кога државата требала да направи некаква интервенција за да го заштити социјалниот елемент и да заштити нагли зголемувања на цената и тоа државата ќе продолжи да го прави, затоа што енергетскиот систем и областа енергетика е во голем сегмент регулирана област, но ние не можеме да го штитиме пазарот со државни интервенции, мораме да го либерализираме. Што значи либерализација? Значи дека мораме да го отвориме пазарот вклучително и за странски компании и тоа не значи дека странците ќе го окупираат енергетскиот систем, тоа е погрешна теза. Таквиот став мене ми личи на политика или на незнаење. Што ќе направи странецот? Ќе ја земе и ќе ја изнесе надвор електричната централа? Не, таа енергија тука ќе заврши“ посочи Пачемски.

Можеби ќе ве интересира

Лоша вест: Поскапуваат сите горива – Падна одлука во РКЕ

ДЕСК

„Луѓето треба да се пензионираат подоцна за да излезат од кризата“

ДЕСК

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

ДЕСК