17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Пачемски: Во последните децении само ХЕ Козјак и две ветерни електрани во Богаднци се изградени со државни средства

Ние имаме една чудна ситуација, ние како држава сме едни од најголемите увозници на енергија, а истовремено сме и едни од најголемите потрошувачи, затоа што како нација, како држава ние не знаеме да штедиме, порача во интервју за Слободен Печат, Гоце Пачемски, новинар и експерт за односи со јавност.

Таквиот однос кон енергијата, смета Пачемски, е поради тоа што енергијата, особено електричната енергија кај нас се уште се гледа третира како социјален производ.

„Електричната енергија децении наназад се третирала како социјален производ, од многу влади, и за тоа постојат реални причини, за да се заштити стнадардот на населението кој е голем потрошувач на електрична енергија во државата. Сега имаме либерализиран пазар, но се уште, еве сега заради енергетската криза, државата значително ја субвенционира цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, но цехот мора да се плати, а тој се паќа на еден или на друг начин, во овој случај го плаќаме сите ние преку Буџетот. Ние имаме една чудна ситуација, во исто време сме еден од најголемите увозници на енергија, влучително и на електрична, а во исто време ние сме и едни од најголемите потрошувачи во Европа. Социјалната компонента во цената на струјата придонела, ние да се опуштиме, да трошиме многу и да не штедиме енергија“ посочи тој.

Запрашан за стратешките инвестиции, Пачемски посочи дека за нивна реализација треба време и пари и додаде дека секоја помош од надвор е добредојдена, затоа што како држава сме покажале дека не можеме брзо и ефикасно да изградиме големи енергетски капацитети.

„Сега дојдовме во ситуација кога заради многу причини треба да градиме енергетски објекти, да ги дизервифицираме изворите на енерија, но за то требаат многу пари и подолг временски период од оној што ние го очекуваме како граѓани. Ние мислиме дека тоа може да се направи за една година, што е невозможно. Во такви услови неопходна е сериозна финансиска поддршка. Гледајќи подолог период наназад јас не памтам да сме изградиле некој сериозен енергетски капацитет целосно со државни пари, освен ХЕ Козјак, и мислам и ветерните електрани во Богданци и тоа е се и тоа е многу малку гледано од енергетски апсект“ заклучи Пачемски.