Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајка меѓу две возила во Тетово, има повредени

Вчера (15 февруари) во 14.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружниот тек на улица „Маршал Тито“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот тетовец А.З. и „фолксваген тигуан“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот тетовец Љ.А..

Во несреќата, возачот Љ.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

ОХРИД ДЕНЕСКА Е ЦЕНТАР НА БАЛКАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА – Пристигнуваат лидерите од регионот

ДЕСК

ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА – УХМР најавува нови пообилни врнежи во Македонија

ДЕСК

Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

ДЕСК