28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Наместо решение ДПМНЕ го заглавува издавањето пасоши

-ДПМНЕ, од Белиот дворец, со месеци тврдеа дека ќе го решеле проблемот со личните документи. Кога ДПМНЕ влезе во техничката Влада, нивниот министер направи дополнителен хаос, се обиде да создаде паника кај граѓаните со најави за казни и го комплицираше процесот за издавање пасоши. Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ го укина вадењето пасош без закажување, соопшти СДСМ.

„Тоа негативно влијае затоа што го намалува бројот на граѓаните кои можат да се сликаат а од друга страна драстично го пролонгира процесот.

Тоа значи дека граѓаните со месеци нема да можат да добијат нов пасош, а го доведува во прашање и законскиот рок за издавање пасош.

На предлог на СДСМ се усвоија решенијата за возачките и сообраќаните, но МВР задоцни со реализацијата.

ДПМНЕ не може да испорача решение туку само ги компликува работите со личните документи и го заглавува издавањето пасоши.“ – се вели во соопштението.