Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прегазен полицаец-сообраќаец на кружен тек додека сопирал автомобили

На 15.02.2024 во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Л.З.(23) од с.Длапкин Дол, кичевско. Околу 08.10 часот на кружен тек од магистралниот пат А2 и ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, тој со патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулација на сообраќајот.

Притоа, полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК