Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски на Минхенската безбедносна конференција: во фокусот европската интеграција и безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор

Претседателот Стево Пендаровски, од 16 до 18 февруари 2024 година, во Минхен, Сојузна Република Германија, ќе учествува на 60. Минхенска безбедносна конференција.

Предвидено е претседателот Пендаровски да учествува на настанот „Дали Западен Балкан е дел од големата слика? Мапирање на новата европска безбедносна архитектура“ во организација на Центарот за безбедносна политика од Белград и Центарот за безбедносна политика од Женева, на настанот „Фокус на Балканот“, како и на настанот „Насоката за трансатлантската заедница после Минхен“ организиран од Атлантскиот Совет.

За време на учеството на Минхенската безбедносна конференција предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе средби со дел од учесниците на собирот. Во фокусот на разговорите на претседателот Пендаровски ќе биде европската интеграција и безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК