Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР: За сообраќајни дозволи и возачки не се наплатува, но се наплатува административна такса – Ќе предложиме измени на законот

СОопштение на МВР:

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, возачките дозволи и сообраќајните дозволи со името “Република Македонија“ кои се уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името „Република Северна Македонија“ и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци, до 31 декември 2024 година.

Но, за истите документи пропишанa е административнa таксa која се наплатува, согласно Законот за административните такси кој се уште нема претрпено измени во тој дел. МВР ќе предложи измена на законот, се со цел и административната такса да не се наплаќа.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски на екскурзија во Германија додека граѓаните не можат до парите и пензиите заради Алта банка

ДЕСК

Левица: Врв на вмровската ароганција: со студентскиот оброк да си земат цигара, луѓето да преживеат со 10.000 денари и машки надзор врз жените

ДЕСК