15. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев во увид на отпочнатата реконструкција на управните служби во МТВ: Ги подобруваме условите за поквалитетна работа и услуга

Денеска (16.02.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со државната секретарка, Магдалена Несторовска, ги посети управните служби на МВР кои се наоѓаат во зградата на Македонска телевизија, со цел увид во текот на реконструкцијата на просториите на службите како и во процесот на замена на личните документи на граѓаните.

„Градежните работи започнаа на 11.12.2023 година, и беа поделени на неколку фази со оглед на ситуацијата со обновувањето на личната документација на граѓаните, каде што во прва фаза беа опфатени два ката кои ги користи Министерството и тоа 5тиот кат и 9тиот кат. Во оваа фаза на овие два ката се работеа подополагачки работи, изолатерски работи, замена на плафон и молерофарбарски работи. Вкупната предвидена вредност на овие работи изнесува 10.017.251,17 денари без ДДВ и 11.820.356,38 денари со ДДВ”, рече Бојмацалиев. Притоа, тој појасни за втората фаза од реконструкцијата.

„Како втора фаза е планирано и во тек е отпочнување со работа во приземјето на зградата на МТВ каде што е и најголемиот зафат за адаптација на објектот. Во оваа фаза се прави комплетна промена на ликот на управните служби каде најголем корисник се граѓаните. Овде се опфаќа целосна архитектура на приземјето, со комплетна промена на сите фази како што се, електрика, термотехника, термотехника со сплит системи, термотехника VRF и хидротехника. Вкупната предвидена вредност на целата фаза изнесува 75.193.982,93денари без ДДВ и 88.728.899,86денари со ДДВ”, информираше Бојмацалиев, појаснувајќи ја и третата фаза.

„Како последна трета фаза, каде што во моментов имаме најголема фреквенција е во делот на издавањето на лични документи. Во оваа фаза се работи на подополагачки работи, гипскартонски работи, изолатерски работи, промена на плафони, молерофарбарски работи и столарија со вкупно предвидена вредност од 3.731.917,66 денари без ДДВ и 4.403.662,83 денари со ДДВ. Целокупната вредност на рамковната спогодба изнесува 88.943.151,75 денари без ДДВ или 104.952.919,07 денари со ДДВ”, истакна Бојмацалиев.