Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Внимание: Сите граѓани, не само претседателот, треба да имаат една цел, да влеземе во ЕУ

На прашањето „Кога Вие би биле кандидат за претседател, што би ветиле?“ на анкетата „Внимание, Внимание“ на „Трн.мк“, младите даваат најразлични и оригинални предлози: „Би ветила бесплатно високо образование“; „Квалитетен живот на младите“; „Би ветил повеќе инвестиции, да порасне економијата, да се кренат платите повисоко“, но доминираат одговорите за европеизација и европскиот пат.

„Не само претседателот, туку секој еден граѓанин на државата треба да има една цел. Да влеземе во Европската Унија. Тоа е најважно“, беше заклучокот на еден испитаник на анкетата.

На прашањето „Каков претседател посакуваш?“, повеќето млади одговараат: „Некој што има емпатија и разбирање за луѓето и некој што има визија за наредните генерации“; „Некој што повеќе ќе се бори за младината…“, „Битно е да е претставителен и да се залага за квалитетен живот на граѓаните“, „Некој што може да си ги исполни ветувањата“; „Некој што навистина ќе инвестира во високото образование, и ќе гледа да не бегаме од државава“…

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Наместо економски мерки –дефокус и Платформата на ВМРО во обид за рушење на СДСМ

C +

Младите ја раскажуваат приказната за рубинот – Божиновска се сретна со наградените ученички

C +

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК