Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Петров: Донтовиот модел е немилосрден, здружената владина коалиција би освоила 5-6 пратеници повеќе ако настапи заедно

„Донтовиот модел е немилосрден. Оној што е прв добива и повеќе од тоа што и реално го заслужува, таков е системот. Тие количници што се делат, таа листа што има најмногу гласови, најмногу пати ќе биде свртена во системот“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во утринската програма на Слободен печат.

Тој додаде дека дури и според опозициските анкети, партиите од владината коалиција би освоиле педесетина пратеници, но со Донтовиот модел, ако одат заедно и според тие анкети, може да се освојат уште 5-6 пратеници.

„Тоа е така поради тоа што дел од партиите ќе се под прагот, нема да имаат пратеници. Некоја партија ќе има 5000 гласа, што не се доволно за пратеник. Тие гласови се поништуваат. А во количниците, ако ги споите сите гласови заедно, овозможуваат да се освојат повеќе пратеници“ рече Петров.

Според него веќе 20 години се разговара за широки предизборни коалиции и дека сега е веќе дојдено времето кога ни е потребна брза интеграција во ЕУ и да не се губат 10 години со истите муабети.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК