9.8 C
Скопје
23. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николовски: Владата за само три години реализираше 40% од Стратегијата за енергетика што треба да ја спроведеме до 2040 година

Запрашан за тоа каде е земјава во спроведувањето на мерки за енергетска ефикасност и во степенот на искористување на обновливите извори на енергија кои се дел од преземените обврски од Енергетската заедница, директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски истакна дека во последниот период Македонија докажала дека има капацитет и знаење да спроведе квалитетна енергетска транзиција.

Владата за само три години во време на ковид, енергетска криза има реализирано над 40 % од таргетот што треба да го достигнеме до 2040 година согласно Стратегијата за енергетика 2019-2040. Со што ја потвдруваме нашата одлика како народ – кога е најтешко, најдобри резултати испорачуваме. И ако ги редефинираме овие проценти во бенефит за граѓаните, тогаш можеме да кажеме дека со новите енергетски капацитети со инсталираниот капацитет што е во функција за помалку од две години може да снабдува околу 170 илјади домаќинства. Струја од обновливи извори на енергија. Не за џабе не нарекоа ѕвезда во енергетска транзиција. Тоа не е прашање на политчка реторика. На реализрани цели од стратегија. Енергетска траекторија на транзиција наместо струја од јаглен, струја од Сонце. Ние се идентификуваме со Сонцето кое е и наш државен симбол. Денес ние сме знаменосци на енергетската транзиција. Сонцето е носител на државниот енергетска суверенитет“ рече Николовски.

Токму како резултат на таквите активности, додаде Николовски, ние денес имаме стабилни цени на енергенсите, имаме повторно дневна евтина тарифа на електричната енергија.