24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Џафери: Градинките значат реални придобивки и поддршка за семејствата, но и траен влог во иднината на државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска ја посети Општина Липково. Премиерот Џафери присуствуваше и се обрати на настан по повод увид во новата градинка, а го посети и Домот на културата во село Матејче.

Премиерот Џафери присуствуваше и на увид на реконструираниот локален пат во селото Липково. А потоа го посети и Основното училиште „Рилиндја“ во село Лојане, Општина Липково, каде што наскоро ќе започне изградба на спортска сала.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Џафери од Матејче:

„Најголемо признание за нашата работа е кога ќе се видат плодовите од истата. Среќен сум што денеска ја посетив градинката во Матејче и Општината Липково.

Со ова решаваме горлив проблем на жителите на ова населено место. Градинката е со капацитет за згрижување на над 117 деца и ова е најголемата градинка на територијата на Општина Липково. Вкупната инвестиција е 960.000 евра. Објектот е изграден на површина од 560 метри квадратни, а во него ќе можат да се згрижат деца од јасли до шест години. Градинката ќе има и сопствена кујна, со капацитет за подготовка од 100 до 200 оброци дневно.

Градинката е современ енергетско-ефикасен објект изграден по сите стандарди, со цел, обезбедување подобар квалитет на раното детско згрижување и воспитување, и подобрување на пристапот и интересот за услугите поврзани со згрижувањето и воспитувањето на нашите најмили од нивната најрана возраст.

Го посетив и Домот на културата тука во Матечје, и драго ми е што од Владата се обезбедени 30 милиони денари, и со кофинасирање на општината и се надевам дека во блиска иднина ќе биде заокружена изградбата на истиот.

Почитувани,

Децата се темелот на секое општество. Нивниот здрав раст и развој се секогаш во нашиот фокус и затоа сме силно посветени на подобрување на условите во постојните градинки, но и изградба на нови низ целата држава.

Од 2017 година досега, отворени се или реконструирани вкупно 83 градинки низ целата држава, со опфат од над 8.000 деца.

Тоа не се само бројки, туку реални придобивки и поддршка за семејствата, но и траен влог во развојот и иднината на државата.

Сето ова е вистинска грижа за децата, за нашите најмлади и за сите граѓани. Тоа се политики кои даваат резултат, кои докажуваат дека се грижиме за сите.

Почитувани присутни,

Ќе продолжиме да работиме посветено и одговорно како што тоа го правевме и досега. Нашата цел е да создадеме европски услови за живот, да обезбедиме повисок животен стандард и да ги задржиме нашите млади дома. Зацртавме што поскоро остварување на европските перспективи. Тоа и ќе го оствариме заедно“.