Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради менување вентил ф-300 мм на улицата 11 Октомври бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, од потегот од булеварот Кочо Рацин до Тутунскиот комбинат во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради менување на вентил ф- 1“ на улица Женевска 29, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф 1“на булеварот 3-та Македонска бригада 18Б со прекинато водоснабдување ќе биде амбулантата Пролет и куќите позади амбулантата. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.