11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Парламентарните и претседателските избори ќе бидат распишани денеска

Денеска попладне се очекува претседателот на Собранието Јован Митрески да ги распише претседателските и парламентарните избори 2024.

Седмите претседателски избори, според политичкиот договор, треба да се одржат на 24 април, додека на 8 мај ќе се одржат единаесетите парламентарни избори, коишто овој пат ќе бидат редовни. Доколку има втор круг од претседателските избори, тие ќе се совпаднат со парламентарните избори и ќе се одржат на 8 мај.

Откако Митрески ќе ги потпише решенијата за распишување на изборите, според Изборниот законик, тие треба да бидат проследени до Државната изборна комисија (ДИК), која ќе усвои роковници со што почнуваат изборните дејствија. Кампањата за претседателските избори се очекува да започне на почетокот на април и неколку дена да се совпадне со кампањата за парламентарните избори. Според објаснувањата од ДИК, за двата изборни процеси ќе има посебни роковници за спроведување на изборните дејствија.

Како подготовка за одржување на парламентарните избори на 28 јануари годинава, на 100 дена пред изборите беше формирана техничката Влада чиј претседател е Талат Џафери. Тој со неа ќе раководи до изборот на нова политичка влада.

Можеби ќе ве интересира

По повод 11 Октомври партиска делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ во Прилеп

C +

Обезбедено и санкционирано е лицето кое со службено возило на бул.„Партизански одреди“ во Скопје помина на две полни линии и користеше флешери

C +

СДСМ: За нарко скандалот со директорот на Клиниката бараме кривична одговорност и истрага за неговата работа

C +
error: Соддржината е заштитена.