Граѓаните знаат дека ДПМНЕ немаат план, имаат само нечесни намери, едно говорат друго прават, велат, дајте ни мандат, па ќе ви кажеме што ќе правиме, а од друга страна, не знаат во која насока ќе одат, рече портпаролот на СДСМ и пратеник Дарко Каевски во утринската емисија на Слободен печат.
-ДПМНЕ имаат нечесни намери, тие едно говорат, пред да се дел од власта, а сега кога се дел од техничката влада говорат друго. Гледаме дека не ги соопштуваат плановите и визиите каде и како ја гледаат државата во иднина. Тие само велат, дајте ни мандат, па ќе ви кажеме што ќе правиме, а од друга страна, не знаат во која насока ќе одат. Но едно е јасно, дека ДПМНЕ играат на карта на национализам, а нивната цел е да се билдаат во нивното седиште, во белата палта, за да се зачува местото на Христијан Мицковски и се тоа на грбот на граѓаните. Зборуваа дека кога ќе дојдат на власт ќе го сменат името, ги лажеа граѓаните, па тие не може со една амбасада да се договорат, а не пак со 27 земји челни, рече Каевски.
Во однос на револтот кај граѓаните со возачките дозволи, Каевски потенцираше дека го разбира револтот кај граѓаните и дека се согласува со нив.
-СДСМ сепак успеа да поднесе предлог закон за измени, со кои возачките дозволите ќе важат до нивниот истек. Сите нови дозволи кои ќе бидат извадени ќе бидат на терет на државата за да им се олесни на граѓаните. Техничкиот министер на ДПМНЕ не ги реши работите, туку работите се решија во Собранието, каде со донесе предлог законот за измени на законот за да се пролонгираат промената на возачките дозволи и ќе важат до крај на оваа година. Техничкиот министер имаше неконзистентни изјави со кој направи конфузија кај граѓаните, рече Каевски.
Во тек на целиот мандат СДСМ носеше мерки и политики кои беа во интерес на граѓаните и никогаш не се водеше во популизам. Сите пакети антикризни мерки беа за да им се олесни на граѓаните, да имаат повеќе пари и секогаш ќе носиме мерки кој се во интерес на граѓаните.
Тој потенцираше дека претседателот на партијата Димитар Ковачевски ќе биде повторно мандатар, а СДСМ победник на парламентарните и претседателските избори, затоа што од другата страна има опоненти кои имаат нечесни намери и кои земјата ја носат во изолација.
– Важно е да се потенцира дека оној кандидат кој ќе го предложи СДСМ ќе биде победник на претседателските избори и дека на граѓаните ќе им донесе европска иднина, а не за изолација, рече портпаролот на СДСМ Дарко Каевски, во утринската емисија на Слободен печат.