Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со возилото удрил во заштитната ограда на автопатот кон Градско

Вчера, во 11.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот „Пријателство” , во правец од Велес кон Градско во близина на исклучокот за село Караслари, велешко, патничко возило ,,фолксваген голф” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(44) од Кавадарци, удрило во заштитна ограда од коловозот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК