13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска Стојчевска: Пратениците на СДСМ донесоа решение за личните документи, МВР водено од опозицијата предизвика паника и хаос

„Ова е еден процес како што изјави и претходно МВР дека ќе престанат да важат од 13.02.2024 година, и ова е активен процес од 2019 година. Што значи дека имавме време за да ги промениме документите, извадиме нови возачки дозволи, лични карти и пасоши, она што направи навистина голема паника и допре до секој од нас, затоа што секој сноси дел од одговорност. Мене ми е драго што денес оние што пристапија кон решавање на проблемот се токму пратениците од СДСМ кои што ги донесоа законските измени. Ние слушавме изминатиот период од опозицијата дека се соочуваме со хаос, дека тоа експресно ќе го решат, меѓутоа она што го видовме од техничкиот министер е како прва одлука кадровски промени. Она што го ветуваше дека ќе го реши, дека ќе го врати името, сето тоа падна во вода многу брзо, затоа што се што требаше да направи е да седне заедно со сите на маса и на првата седница да рече дека ете има уште луѓе кои не извадиле документи дајте како да го решиме тој проблем, но тој на прва седница и на што го видовме во јавност беа кадровски промени,“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, во емисијата „ Анализа 24 на Телевизија 24.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +