Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се чека најмалку еден час за вакцинација против голема кашлица, метеж во „Јане Сандански“

Огромни гужви во поликлиниката Јане Сандански. Се чека најмалку еден час за вакцина против голема кашлица, а редови има до влезот на поликлиниката.

Пунктовите каде што може да се изврши вакцинација, по препорака на Комисијата за заразни болести, работат и втора смена преку работната недела, а децата можат да се вакцинираат и во сабота до 14 часот.

Според последните информации на Институтот за јавно здравје од осми февруари, во државата се регистрирани вкупно 22 случаи на голема кашлица.

По однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 16 (73%) во осум различни општини, 3 лица живеат во Куманово, 2 во Гостивар и еден во Боговиње, Тетово.

Заболените лица се на возраст од 1 месец до 23,5 години (медијана 2,5 години). Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 9 случаи (40,9%) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 8 (36,4%) се деца на возраст од 1 до 4 години.

Првиот пријавен случај е на 05.01.2024.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +