16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Силна поддршка од германската СПД за СДСМ

-СДСМ e државничка партија која добива силна поддршка од германската СДП за изборите и којашто понатаму ќе ја формира и следната проевропска влада. Посетата на претседателот на СДП на Германија, Ларс Клингбеил и силната поддршка од германските социјалемократи ја потврдува посветенста на европската иднина на државата и на целиот регион, соопшти СДСМ.

-СДСМ покажа вистински социјалдемократски потенцијали и испорача економски резултат, во најголемата глобална криза во современ контекст, ги заштити стандардот на граѓаните и одржливоста на економијата.

СДСМ има и коалициски капацитети како ниедна друга партија во земјава, со што може да обезбеди и по изборите, формирање стабилна Влада со проевропска ориентација, којашто ќе сработи за конечна интеграција на Северна Македонија во ЕУ, во динамичен процес, до 2030 година, што е од значење и за стабилноста на регионот и на Европа, се вели во соопштението.