Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Конегеретивната централа во поранешна железара ќе произведува 1.150 гигават часови годишно струја и топлинска енергија за Скопје

Инвестицијата од 290 милиони евра на мултинационалната компанија Митилинеос е една од четирите страшки инвестиции во енергетиката која треба да ја зајакне енергетската независност на државата и ќе произведува околу 1.150 гигават часови електрична базна енергија, пишува „24 инфо“.

Процесот на реализација на оваа инвестиција започнува уште во 2022 година кога на објавениот Јавен повик, Митилинеос поднесува барање за утврдување на статус Стратешки инвестиционен проект.

Стратешкиот инвестиционен проект се однесува на развојот, изградбата и работењето со комбинирана постројка за топлинска и електрична енергија (CHP) во Градот Скопје.

Инаку Митилинеос е е глобална индустриска и енергетска компанија, основана во 1990 година и претставува еволуција на стариот металуршки семеен бизнис кој функционира од 1908 година. Митилинеос има големо и докажано искуство во изградбата и работењето со слични енергетски капацитети, со успешно изградени околу 14.000 MW електроцентрали на гас во светот и е најголемото приватно интегрирано енергетско претпријатие во Грција, со консолидиран промет од 6,35 милијарди евра и профит пред оданочување од 823 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

ДЕСК

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК

Поскапија угостителските услуги – оваа година плаќаме поскапо кафе и јадеме поскапа храна по локалите

ДЕСК