16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прегазена малолетничка во Гостивар, пренесена во болница со тешки повреди

Вчера, во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улицата 101 во Гостивар, патничко моторно возило „фолксфаген поло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Н. З., удрило во малолетничка од Гостивар, извести СВР Тетово.

„Во несреќата малолетничката добила тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’, а нешто подоцна Н. З. е лишен од слобода“, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.