Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Посета на Лога на Уставен суд во Турција

Соработката меѓу Уставните судови на Северна Македонија и Република Турција е од големо значење за заштита на човековите слободи и права.

За време на посетата на Уставниот суд во Анкара се разменија мислења и искуства за одредени правни прашања кои се од посебен интерес за два суда кои се однесуваат на разликите и сличностите од аспект на надлежностите и предизвиците со кои се соочуваат.

На средбата се дискутираше и за новата Стратегија за развој на правосудството (2024-2028) и Акцискиот план каде е предвидено зајакнување на улогата на Уставниот суд во остварување на начелото на владеење на правото и заштита на човековите слободи и права.

Претставниците од Министерството за правда се заблагодарија на турските домаќини истакнувајќи дека пријателските односи, взаемната почит и соработката меѓу двата суда ќе продолжат и во наредниот период.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ТЕТОВО: Жена тепала мало дете на улица, минувачи застанале да го заштитат, а мајката го оставила и си заминала

ДЕСК

Беким Сали: Реформите носат конкретни резултати – Северна Македонија останува меѓу лидерите во спроведувањето на Реформската агенда

ДЕСК

Денес завршува учебната 2025/2026 година – Јаневска со порака до учениците

ДЕСК