Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев и директорот на БЈБ Сашо Тасевски на традиционален ручек и дружење со децата и семејствата на загинатите припадници на МВР

Денеска, (09.02.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски , се дружеа со децата на семејствата на загинатите припадници на МВР во Пониква, Кочани за време на неколкудневниот одмор на децата во одмаралиштето на Министерството.

На заедничкиот ручек дополнителниот заменик министер Бојмацалиев го изрази своето задоволство што оваа дружење со децата на загинатите припадници на МВР прерасна во една убава традиција на која имаат можност да се дружат и разговараат за сите актуелни прашања од важност за нив, притоа уште еднаш уверувајќи ги дека во него и раководството на МВР имаат искрени пријатели чие партнерство и пријателство продолжува и се унапредува преку здружението „Херои на Македонија 2001-2015“.

Бојмацалиев и Тасевски и денеска потенцираа пред присутните дека секогаш се тука за нив- децата и семејствата на загинатите припадници на МВР и со целосна поддршка во рамки на законските можности и надлежности позитивно ќе одговорат на нивните барања и потреби.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК

НОВИ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ ВО СЕМЕЈСТВАТА – Се разгледуваат итно отстранување од домот и електронски алки

ДЕСК

СУДСКИ ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ СО 350.000 ЕВРА – Вештак укажува на можни пропусти при обезбедувањето на доказите

ДЕСК