Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Михаилоски до студентите после измените на Законот за субвенциониран студентски оброк: Продолжете да притискате!

„Студентскиот стандард мораме постојано да го подобруваме. Студентите да бараат повеќе, а политичарите да дадат сѐ од себе да исполнат“ пишува претседателот на Социјалдемократската младина, Марко Михаилоски по гласањето во Собранието за повеќе средства за субвенциониран студентски оброк.

Тој додава дека секој мал чекор е напред е победа на патувањето до успехот.

„Продолжете да притискате, останете фокусирани и направете го денешниот ден да биде уште подобар“ пишува Михаилоски.

Пратениците вчера, со 74 гласа „За“ го изгласаа предлогот на студентите за измени на Законот за субвенциониран студентски оброк со што се издвојуваат повеќе средства за оваа намена.

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК