19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Бислимоски: Митилинеос ќе донесе пониски сметки за граѓаните, државата презема чекори за стабилни и ниски цени

„Оваа држава мора да презема чекори што значат сигурни снабдување со енергенси по стабилни и пониски цени. Конкретно Митилинеос ќе донесе пониски сметки за граѓаните. Се употребува методологија од РКЕ на која работеа професори од машинскиот фалултет. Не разбирам што е лошо граѓаните да добиваат пониски сметки“ изјави претседателот на Регуалторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Тој додаде дека ако не се реализираат инвестциите ние ќе се соочиме со данок за СО2 за струјата од јаглен од РЕК – која сега е околу 109 евра, а од Митилинеос ќе биде околу 86 евра.

„Единствена работа во борба со дезинформациите ни е вистината. Вистина е дека струја ќе има и сметките ќе бидат двојно пониски, државната помош имаат сите странски инвестции и оваа од достапните информации е двојно пониска од оние што ги добиваат останатите компании во зоните, но еве не сум експерт за тоа. За енергетика несоменено ќе кажам потребна е еснафска дискусија, а не да се расфрламе со кривични, продажби и наратив кој е деструктивен“ рече Бислимоски.

Претседателот на РКЕ рече дека од деструктивниот пристап не спаси ТЕЦ Неготино – објект стар 40 години и реализација за 30 години од 150 mw државни инвестции наспроти 900 mw од кои 600 mw се во последни две години приватни инвестици.

Можеби ќе ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка за побрза и поефикасна размена на податоци помеѓу УЈП и ФЗО

ДЕСК

Одбиени тужбените барања кон државата за Казандол – Државата нема да плати 115 милиони евра отштета

ДЕСК

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА СТАНОВИТЕ ВО НАЈАВА – ДДВ за станбен квадрат за нови станови би можело да се подигне од 5 на 18%

ДЕСК