Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен бегалец од затвор, осуден на казна од две години

На 07.02.2024 околу 20.30 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги со полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Г.Т.(38) од с.Долни Балван, општина Карбинци, извести МВР.

Тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 259 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување една година и еден месец од казната. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК