5.8 C
Скопје
27. февруари 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Предвремено го реализиравме ветувањето за 500 евра плата, денес просечната плата е 630 евра

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска ја посети компанијата Лапласт М, фирма со 45 годишна традиција на унапредување на производството, употреба на современи материјали, ефикасна монтажа и сервисирање на производите.

При посетата, во разговор со вработените и со менаџментот, претседателот Ковачевски посочи дека потенцијалот на мерката со која домашните компании добиваат финансиска поддршка преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, мерка која успешно ја спроведе Владата предводена од СДСМ е во тоа што истата покрај тоа што значи раст и развој за компаниите, значи и зголемувањето на бројот на работни места, но и на платите.

„Со вакви правилни политики и грижа за сите во државата, Владата предводена од СДСМ во мојот мандат предвремено го реализираше ветувањето за просечна плата од 500 евра. Денес просечната плата е над 630евра.И не само просечната, го остваривме и ветувањето за минимална плата. Застанавме на страната на работниците и конечно системски го решивме тој проблем, еднаш засекогаш.“ посочи претседателот Ковачевски.

Тој се осврна и на методологијата за раст која беше воспоставена во 2022 година на почетокот на Ковачевски како премиер на Владата предводена од СДСМ. Со поставената методологија, минималната плата континуирано расте и истата иако истата започна со 18.000 денари, со следното усогласување, ќе биде 22.500 денари. Ковачевски ја потенцираше и разликата помеѓу минималната плата во 2016 кога изнесуваше 150 евра и денес, кога изнесува 370 евра, што е резултат меѓу другото и на фактот што Владата предводена од СДСМ е посветена на подобрување на животниот стандард на работниците и граѓаните, но и правилно менаџира со парите на граѓаните.