ВМРО-ДПМНЕ го „реши“ проблемот со „Пролет“, така соломонски ќе ја решат и ЕУ
Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Како ВМРО-ДПМНЕ го реши проблемот со издавањето на патните исправи во полициската станица „Пролет“, така соломонски ќе го решат и влегувањето на Македонија во Европската унија.
Тоа е вистината драги мои.
И доаѓа новиот технички министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и наоѓа решение?
Со сатор, соломонски.
„Од денеска, пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година“, информираат од МВР.
И внимавајте сега – закажувањето на термини за фотографирање за лични документи ќе биде само телефонски, а закажувањето преку интернет поради технички причини нема да биде можно во наредните денови, соопштуваат од МВР.
Генијално решение?!
И вртиш на телефоните за закажување, кои ги нема никаде и ти вели – телефонскиот број не постои. Ич да не се секирате, за неговите пајташи сопартијци, телефоните ќе си функционираат, но не и за нас другите.
Навистина нема чекање пред „Пролет“, но нема ни да си дочекате патна исправа.
Драгао!
Проблемот е решен, граѓаните нема да чекаат во редици, пасоши ќе причекаат во некои подобри времиња.
Не знам зошто не е можно наједноставното решение – на тие што имаат пасош со неистечен рок, да им се направат патна исправи со новото име на државата и кога ќе е готов да се прати извествање и само да појде човек и да си го подигне. Нели МВР ги има податоците и фотките…
Ама кој ќе ти ги знае…
Е, истото е и со проблемот што го прават вмровците за влез на Македонија во ЕУ.
Се противат на уставните измени, а не даваат решение како ќе се надмине тоа.
Велат, ќе кажеле за време на изборната кампања, или после изборите.
САД и ЕУ велат нема да има друг предлог, не си играјте играчки со иднината на државата, ВМРО-ДПМНЕ велат ќе има – Да ни верувате на збор?!
Што ќе направи Мицкоски?
Ќе излези Мицкоски и ќе рече, нема да чекаме пред портите на ЕУ, ќе отвориме телефон за поплаки и жалби и ќе се јачаме дека нема да прифатиме „бугарски диктат“ од Европската унија.
Соломон вода да му носи на Мицкоски за досетливоста.
Тоа се политиките што ќе ги практикуваат функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ако се дочепаат до власт.
Што не е јасно тука?
Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Текстот е личен став на Авторот.
Извор: Frontline.mk