19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Усвоен е Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион

Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои и Информацијата од Министерството за култура, за изработката на Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство и го усвои Извештајот, заедно со ревидиран Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот регион (2023-2030).

Задолжена е министерката за култура, како претседателка на Националната комисија на УНЕСКО на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за туризам и животна средина и Министерството за економија, култура и иновации на Република Албанија, да го достави Извештајот до Центарот за светско наследство на УНЕСКО.

Извештајот, како што информираше ресорното министерство, е подготвен врз основа на доставените релевантни информации од владините органи, ресорните институции и организации, локалната самоуправа и останатите засегнати страни, што се однесуваат на реализираните, тековните и планираните активности во насока на заштитата на прекуграничното светско природно и културно наследство на Охридскиот регион и исполнувањето на препораките на мисиите на УНЕСКО.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК