Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ја запалил куќата, па скокнал во базен и загинал, ЦУК со детали за пожар во село Косевица

Регионалниот ЦУК Штип извести дека има една човечка жртва при пожар на куќа во село Косевица, во месноста Реката.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица денеска, во периодот од 7.20 до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во село Косевица, во месноста Реката. Интервенирано е со две протипожарни возила. Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема, велат од ЦУК.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата, што била во негова сопственост.

„Според првичните информации од терен, по палењето на куќата, жртвата и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во кој и починала. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата. Моментно на самото место се врши увид од страна на надлежни органи и институции“, додаваат од ЦУК.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК

Апсења близу Стење – четворица суданци илегално ја преминале границата, завршија во станица

ДЕСК