„Најодговорно тврдам дека не може да биде едноставен ваков закон затоа што ако дефинирате процедура, се дефинира на начинот на кој ќе се постапува со лицето или компаниите кои се ставени на на црната листа на САД и Обединеетото Кралство тогаш, и ако таа е врзана со веќе постоечкото македонско законодавство тогаш сигурно не може да биде противуставно. Уште повеќе сметам дека треба да бидеме свесни дека стратешкото партнертсво со САД е клучно за нашата држава. Ако САД биле наш подржувач, недвосмислен, историски гледано назад, за постигнување на сите наши стратешки цели и како народ и како држава, тогаш истото треба да се однесува кога станува збор за борбата против корупцијата и организираниот криминал и сметам дека во најмала рака е несериозно ние да очекуваме од нашите стратешки партнери да поднесуваат посебни барања како што налага актуелниот закон, наместо доколку се објават листи и компании на црната листа веднаш да се процесуираат во нашиот правосуден систем,“ ,рече вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска бво интервјуто за Топ Тема на ТВ Телма, во врска со законот за рестриктивни мерки.
Таа посочи дека целта на овој закон е да потикнување на правосудните органи да бидат поефикасни и да го работат она кое што се очекува од нив. Притоа додаде дека обвинителството може да реагира и по допрен глас, но за жал, посочи таа, нема помрднување во таа насока.
„Ваквите решенија предизвикуваат вознемирување на мала група на луѓе кои што е научена да се однесува со државата како што сака, и фактот дека сеуште бегалецот Груевски од Будимпешта се јави и реагираше и да се повикува на суверенитетот на државата сакајќи да се спротивстави на ваквите решенија само зборува за тоа дека иницијативата која што ја покренав, законските решенија кои што ги направивме ја погодуваат целта“, посочи Грковска.