24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Гасната конегеративна централа ќе ја намали цената на парното греење

По најавите лани, во оваа 2024 година започнува реализацијата на четири стратепки инвестиции во енергетиката, нешто што се нема случено никогаш предходно.

Сите инвестиции во енергетиката се важни за државата, но гасната конегеративна централа на грчки Митилинеос е особено важна за Скопје и неговите жители.

Оваа когенеративна постројка во исто време ќе обезбеди повеќе од 275 GWh топлинска енергија за централно греење и се очекува да има директно значајно намалување на цената за парно. Проценките се дека може да дојде до намалување на цената на парно и до 40%.

Проектот е од големо стратешко значење за нашата земја и ќе ги подобри условите на животната средина во Градот Скопје. Овозможува проширување на централното греење правејќи го достапно до поголем број на граѓани и намалување на дефицитот во трговијата со енергија

Покрај декарбонизација, со своите капацитети за производство на топлинска енергија овој стратешки инвестиционен проект ќе доведе до можности за намалување на загадување на воздухот во Скопје за време на зимскиот период.

Стратешки инвестиционен проект, гасната когенеративна електрана на Митилинеос е еколошки и со тоа се вклопува идеално во планот за забрзана енергетска транзиција на земјава кон зелената ЕУ агенда. Ако од една страна се случува Елдорадо во инвестиции на фотоволтаици и се произведува струја од сонце, сега со оваа постројка ќе се замени јагленот од РЕК Битола со струја од природен гас.