Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Европскиот фронт би освоил 35 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 29 во изборните единици 1, 2, 5 и 6 спроед анкетата на ИПИС на Божиновски

Европскиот фронт би освоил 35 пратенички места од Изборните единици 1, 2, 5 и 6 според анкетата објавена во „Објектив“ на МТВ, а изработена од Институтот за политички истражувања – Скопје на анлитичарот Владимир Божиновски, кој е близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 29 мандати за опозициската партија.

Овие резултати покажуваат дека Европскиот фронт има предност за формирањето на влада пред престојните редовни парламентарни избори и го отсликуваат проевропското расположение на граѓаните.

Од досега објавените резултати, Европскиот фронт убедливо води во Изборната единица 6, каде што СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, ЛДП, ДОМ, ВМРО-Народна партија би освоиле 11 мандати, наспроти 3 на ВМРО-ДПМНЕ. Во Изборната единица 5, Европскиот фронт би освоил 10 мандати, наспроти 9 на ВМРО-ДПМНЕ, додека блага предност има ВМРО-ДПМНЕ во изборните единици 1 и 2.

Ваквите резултати, дури и на анкетите од проопозициските институти покажуваат дека е лажен триумфализмот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дека мнозинството од граѓаните својата поддршка ја даваат на владејачкиот Европски фронт.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК