16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ДОАЃА ЦИКЛОН, СЛЕДУВА ВЛАЖЕН И НЕСТАБИЛЕН ПЕРИОД: Подгответе се за силен јужен ветер, дожд, Сахарска прашина и песок!

До сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Од недела под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе се задржат над просекот за овој период од годината.

Прогноза за 09.02.2024
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Наутро со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 10.02.2024
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 11.02.2024
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.

Спонзорирано: