Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

УЖИВАЈТЕ ВО СОНЦЕТО УШТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА, СЛЕДУВА ВЛАЖЕН БРАН И ЗАЛАДУВАЊЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

До сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината. Од недела под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд и благо опаѓање на температурата.

Прогноза за 08.02.2024
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Наутро со услови за утринска магла по одделни котлини. Преку денот сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југозападен ветер.

Прогноза за 09.02.2024
Минимална температура: -2°C до 3°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Наутро со услови за утринска магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 10.02.2024
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 13°C до 17°C

Наутро со услови за утринска магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК