Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Со пратеничкиот стаж и искуството како координатор на пратеничката група на СДСМ, Митрески е еден од најподготвените пратеници на Собранието

„Првпат после 16 години во земјава се одржуваат редовни парламентарни избори, но оваа година имаме и претседателски избори. Собранието ќе продолжи активно да работи се до почетокот на кампањата, што е доволен период да се расправа за повеќе законски предлози што се доставени и од Владата и од пратениците, како овластени предлагачи, “ порачува претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,Јован Митрески, за 24info.mk.

На изборите во 2020 година Митрески беше коносител на пратеничката листа на СДСМ во петтата изборна единица, а со години по функција е член и на Централниот одбор на партијата.

Во однос на приоритетите на Собранието периодов Митрески ги посочува подготовката на фер и демократски избори како главен приоритет на Собранието во предизборниот период но, и должноста и одговорноста на законодавна власт да направи се во рамки на своите надлежности, како создавање на терен за изборен циклус кој треба да биде легитимен, демократски и слободен.
Во портретот кој го направи 24Инфо, пишува дека Митрески првпат е избран на парламентарните избори во 2014 година, а потоа и на изборите во 2016 и 2020 година. Кон средината на вториот пратенички мандат станува координатор на пратеничката група на СДСМ, на којашто функција останува се до изборот за прв човек на Собранието.

Богатото пратеничко искуство како предуслов за успешно водење на Собранието. Пратеничкиот стаж и искуството во координирањето на пратеничката група што Митрески го има го профилираат како еден од најподготвените пратеници за да го води Собранието во бурен, предизборен период.
Притоа, се нагласува дека за Митрески не само во неговата пратеничка група, туку и во опозициските пратенички групи, а и меѓу службите во Собрание и медиумите, се зборува со позитивен тон, се карактеризира како одговорен професионалец секогаш подготвен на дијалог и компромис.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК