25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Политички профил на македонскиот претседател на Парламентот – Јован Митрески

Јован Митрески е деветтиот претседател на Собранието во историјата на независна Македонија, откако спикерското столче го ослободи Талат Џафери кој седум години ја извршуваше оваа функција.

Во портретот направен од 24info.mk, се нагласува дека станува збор за пратеник од редовите на политичката партија СДСМ со долгогодишен пратенички стаж.

Првпат за пратеник Митрески е избран на парламентарните избори во 2014 година, а потоа и на изборите во 2016 и 2020 година. Кон средината на вториот пратенички мандат станува координатор на пратеничката група на СДСМ, на којашто функција останува се до изборот за прв човек на Собранието.

Токму, богатото пратеничко искуство на Митрески претставува предуслов за успешно водење на Собранието.
Пратеничкиот стаж и искуството во координирањето на пратеничката група што Митрески го има го профилираат како еден од најподготвените пратеници за да го води Собранието во бурен, предизборен период.

Митрески покрај во неговата пратеничка група, тој во опозициските пратенички групи и меѓу службите во Собрание и медиумите, за Митрески важи за професионалец секогаш подготвен на дијалог и компромис.
И токму поради неговото активно учество, последните два пратенички состави успешно ги изменаџираа сите предизвици со кои се соочуваа и да донесат огромен дел од зацртаните реформи,пишува 24info.mk.

Пратеничкиот состав од 2016 до 2020 година и парламентарното мнозинство што тогаш го предводеше СДСМ, ги донесе измените на Уставот согласно Договорот од Преспа, и изгласа многу важни закони за реформите на правосудството и администрацијата, како и за унапредување на правата од социјалната заштита, а мандатот беше заокружен со ратификување на Протоколот за НАТО со што Македонија стана 30та земја членка на Алијансата.

Слично продолжи и следното парламентарно мнозинство исто така предводено од СДСМ со Јован Митрески како координатор на пратеничката група.
Овој пратенички состав исто така успеа да донесе важни закони за граѓаните, за развојот на државата, а со усвојувањето на Европскиот предлог успеа да ја придвижи државата на патот кон ЕУ, по што започна и скрининг процесот како подготовка за отворањето на првите поглавја.
Митрески секогаш уживал висока доверба во својата партија СДСМ, каде со децении е член кој доаѓа од општинскиот огранок во Струга.