17.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Митрески: Собранската галерија ја отворив за сите, без ограничувања и без вип третмани за никој

„ Сѐ што може да биде присутно во галеријата е новинари што имаат соодветни акредитации. Такви акредитации имаа сите присутни во галеријата на Собранието. Пред самиот почеток на седницата бев известен од службите дека има голема заинтересираност, прашав дали има најава за присуство на странски гости, претежно амбасадори коишто во некои случаи доаѓаат да следат седници. Прашав дали се присутни од кабинетот на претседателот, коишто исто така имаат свој простор во галеријата. Кога добив информации дека нема други гости, дадов налог да се отвори целосно галеријата за да се обезбеди присуство на сите новинари, уредници, камермани, за следење на седницата,“ рече претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, во врска со присутните гости од Косово и од Албанија, за што имаше реакција и од Здружението на новинари на Македонија на што било одговорено и со допис од Кабинетот.

Тој посочи и дека не знае која била нивната улога како и дека немало привилегирани новинари и вип третман за никој. Притоа додаде дека и претходно кога имало голем интерес кај јавноста за следење на седници имало присуство на странски медиуми, особено кога се гласало отворањето на Уставот, поврзано со Преспанскиот договор, кога се гласале заклучоците по францускиот предлог, кога се избираат нови влади.

Митерски додаде дека до собраниското обезбедување е даден налог на сите седници да биде отворена галеријата комплетно, кога имаат информации дека нема присуство на странски делегации или кога нема присутни од кабинетот на претседателот на државата.