Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Лукаревска: СДСМ е грижлив сојузник на ранливите категории граѓани

Во интервју за Фокус, директорката на УЈП и заменик претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска изрази задоволство од економските резултати на досегашните влади предводени од СДСМ.

„СДСМ, не само што покажа иницијатива, СДСМ се докажа како грижлив сојузник на ранливите граѓани, земјоделците, компаниите, и тоа во услови на огромни светски кризи: пандемиска, енергетска и економска. Требаше да се задржат работните места, да се преживее и да се истрае. Ако на тоа се додаде во каква состојба ја затекнавме државата во 2017 година и по економски параметри, тогаш јасно е колкав огромен напор е вложен од оваа влада за да се намалат последиците од кризите. И во такви кризни, неизвесни времиња, ги зголемивме платите, пензиите, социјалната помош. Носевме пакети на мерки финансиска помош, кои опозицијата не сакаше ни да ги гласа. Сега работиме на новата програма на СДСМ и анализиравме дека многу од работите што сме ги ветиле во претходната програма, не само што се остварени, туку е направено и многу повеќе од тоа“ порача Лукаревска.

Според неа, она што како партија го реализирале, сега им дозволува простор да се подготвуваат за нови задачи и нови решенија.

„Тоа што можеби не е доволно испромовирано, сепак е факт дека е реализирано, тоа што веќе го набројав, како и огромен број и домашни и странски инвестиции. И тука се бројките, кои неумоливо потврдуваат дека имаме раст во сите сектори. Тоа што сме го реализирале од претходната програма, сега ни дозволува да планираме нови задачи, кои уште повеќе ќе го подигнат квалитетот на живеење“ вели Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК